Регион

Борел за дијалогот: Очекувам конструктивен разговор

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, изјави дека очекува конструктивна дискусија на денешната средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што ќе придонесе за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, пренесе „Нова.рс“.

„Ги охрабрувам двете страни да пристапат кон денешните разговори во духот на компромис и прагматизам и европска иднина за народот на Косово и Србија“, рече Борел во поздравната порака пред разговорите.

Тој оцени дека двајцата лидери – претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, покажале цврста посветеност на дијалогот со европското посредување. Борел истакна дека е задоволен што ЕУ, по долгата пауза во дијалогот, се врати на „возачкото место“ во процесот на дијалог.

Поврзани вести

Нема заразени со коронавирус во Србија, ќе се набават пет милиони хируршки маски

Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Влатко Зорба

Средба Курти-Апостолова: Ќе имаме економски реципроцитет со Србија како замена за таксите

Никола Поповски

Српски епидемиолог: Вирусот буквално дивее, се плашам дека може да биде уште полошо

Александар Петровски

Вучиќ по средбата со Макрон и Тачи: Дијалогот може да се продолжи доколку Приштина ги укине таксите

Влатко Зорба

Нови мерки во Србија: Маски задолжително и на отворено, препорака и децата да ги носат