Регион

Борисов: Не сум го прислушувал Радев

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов рече дека не го прислушувал претседателот на земјата Румен Радев, објави БГНЕС.

Борисов се ракуваше со претседателот Радев, со кого присуствуваа на роденденот на КНСБ, кој слави 30 години од своето основање.

„Јас не сум го прислушувал претседателот на кој било начин. Не знам, не сакам да знам, не сум знаел“, се вознемири Борисов, додавајќи дека не би си дозволил да се вплетка во овој скандал. Премиерот не пропушти да потсети дека тој самиот бил прислушуван пред години.

Борисов рече дека дури и предмет на записите објавени од обвинителството не бил претседателот Радев туку тогашниот командант на Воздухопловните сили.

Премиерот ја поддржа жалбата на генералниот обвинител Иван Гешев, кој претходно денес побара владата да не се меша во работата на обвинителството.

„Тој е апсолутно во право. Обвинителството не е место за решавање на политичките судири “, рече Борисов, додавајќи дека тој побарал од институциите да го решат проблемот со увозот на отпад однадвор, но не го побарал тоа од обвинителството.

Поврзани вести

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала регистриран во БиХ

Maja_Serafimova

Кукан и Флекенштајн посредници на ЕП во дијалогот меѓу властите и опозицијата во Србија

user4

„Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

Maja_Serafimova

Тонино Пицула именуван за известувач на Европарламентот за Западен Балкан

Турската полиција уапси пет странци кои планирале напад за новогодишната ноќ во Анкара

Дачиќ го смени мислењето: Ќе ги браниме правата на малцинствата

Влатко Зорба