Регион

Борисов подготвен да си даде оставка

Според бугарскиот премиер, Бојко Борисов, тој, за разлика од претседателот на земјата Румен Радев, не може да биде среќен додека гледа антивладини протести. „Не сакам ситуацијата да ескалира заради мене“, рече Борисов.

„Подготвен сум да заминам во секој момент. Јас го сторив тоа порано и повторно сум подготвен. Не сакам ситуацијата да ескалира заради мене. Не сум Радев да се радувам како луѓето се тепаат на улиците … Јас ќе продолжам да разговарам со моите коалициони партнери. Ќе им предложам и на нив опција што предвидува да се повлечам, а Владата да остане“, рече Борисов на конференцијата на неговата партија ГЕРБ.

Протестите во Бугарија траат скоро еден месец, а оттаму доаѓаат барања за оставка на Владата и на главниот обвинител Иван Гешев. Според анкетите, рејтингот на премиерот е скоро двојно помал од оној на претседателот.

Демонстрантите ги обвинуваат владините претставници за врски со мафијата, дека одбиваат да се борат против корупцијата и спроведување на судските реформи, како и задушување на слободата на говорот.

Борисов поднесе оставка во 2016 година, откако кандидатот на ГЕРБ Цечка Чачева ги загуби претседателските избори.

Борисов е на власт од 2009 година, а неговиот трет мандат треба да истече во март, според АП.

Поврзани вести

Во Босна и Херцеговина 297 новозаразени со коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Српски епидемиолог: Вирусот буквално дивее, се плашам дека може да биде уште полошо

Александар Петровски

Вучиќ од Ерусалим: Имавме тежок разговор со Ѓукановиќ, нашите позиции се оддалечени

Никола Поповски

За само една недела од сезонски грип во Грција починаа 15 лица

До 27 април нема да има олеснување на мерките во Грција

Расветлено убиството на Страхиња Стојановиќ: Распишана потерница по осомничениот

Stefanija Kuzmanovska