Регион

Брнабиќ: Ги кршат мерките преку ден, а навечер ги бодрат лекарите – лицемерие и себичност

Експертите велат дека во петтата и шестата недела нема што да чекате, ова се моментите кога нашето општество паѓа или победува и јас ги повикувам и ги прашувам сите граѓани дека, ако не за ваша корист, тоа е заради солидарноста со лекарите и старите граѓани, сега сите заедно да ги почитуваме мерките, рече вечерва премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, цитирана од Н1.

– Мислам дека е пример за екстремна себичност и лицемерие, дека е срамотно што некој преку ден ги крши препораките и мерките за самоизолација кои се донесени, а потоа ги бодри докторите и медицинските сестри во 20 часот“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк.

Секој ден во кој се шетаме е еден ден повеќе за оние над 65 години да седат дома, вели премиерката.

– Ако сите седевме дома две недели, ќе им олесниме на овие луѓе да не седат дома во изолација, рече Брнабиќ.

Поврзани вести

„Кралот на бананите“ за 45.000 евра ја купи „Адриа ервејз“

Прогласена вонредна состојба во Венеција

Влатко Зорба

Вучиќ: Србија ќе купи оружје од Израел и ќе отвори дипломатска мисија во Ерусалим

Близу Шибеник уловена ајкула тешка половина тон

Најзначајните настани на Балканот во 2019 година

Никола Поповски

Словенија прва во Европа го прогласи крајот на епидемијата: Имаат помалку од 1.500 заразени