Регион

Д-р Несторовиќ: Никој жив не знае што се случува со коронавирусот

Професорот д-р Бранимир Несторовиќ оцени дека земјите што се затвориле навреме добро работеле за време на пандемијата. Тој ја вклучува Србија меѓу тие земји.

„Земјите што се затворија рано, како нас, поминаа одлично. Останаа тие „слепи црева“ кога земјата се отвори и дел од населението се разболе. Покрај тоа, имавме лошо време, ниски температури, што влијаеја на вирусот“, рече д-р Несторовиќ како гостин во „Хит твит“ на ТВ Пинк.

Пулмологот ги отфрли обвинувањата дека го „темпирал“ почетокот на епидемијата и додаде дека сегашната состојба во Србија „се совпаѓа“ со сликата во целиот свет.

„Активноста на вирусот не е многу голема, јас знам дека луѓето очекуваа помали бројки … Вирусите не умираат туку така, се очекуваше сето ова. Активноста на вирусот е многу, многу пониска. Сега има 99% поблаги случаи на сајтот Worldometers. Дали е вирусот ослабен или не, никој не знае сега. Никој жив не знае што се случува со вирусот“, додаде д-р Несторовиќ.

Членот на Кризниот штаб на Србија објасни дека преносот на коронавирусот е 100 пати поголем од другите вируси.

„Воопшто не сме загрозени, имавме 6.000 хоспитализирани и 160 лица на респиратори, а сега имаме 80 од нив“, коментира д-р Несторовиќ за тековната состојба во земјата.

Тој додаде дека е важно да се носат маски, но Србите не ги носат правилно.

Д-р Несторовиќ не можеше, а да не шокира повторно со своја изјава …

„Добро е што младите имаат пневмонија. Сите ќе се заразиме во одреден момент. Ништо не се случува драматично“, заклучи д-р Бранимир Несторовиќ.

Поврзани вести

Рекорден број новозаразени во Косово

Влатко Зорба

Стефановиќ: Приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука

Влатко Зорба

Д-р Кон: Ако дојде до колапс на здравствениот систем ќе воведеме карантин

Финансиска помош од ЕУ за Грција во висина од 700 милиони евра за справување со мигрантите

Поднесено обвинение против шестмина за убиството на Оливер Ивановиќ

Курти: Ние не сакаме да предзвикаме Трета светска војна за обеднување со Албанија.

Maja_Serafimova