Регион

Д-р Несторовиќ откри колку е навистина стапката на смртност од Kовид: Зачудувачките податоци ја шокираа јавноста

Д-р Бранимир Несторовиќ можеби го напушти Кризниот штаб на Србија затоа што, како што изјави, му здосадило да биде „црна овца“, но тоа не значи дека престанал да се интересира за коронавирусот.

Така, пред неколку часа тој објави графикон на својот профил на Фејсбук, кој ја покажува вистинската смртност од короната на вирусот САРС-КоВ-2.

Извор на податоци е Американскиот центар за контрола и превенција на болести, а според нивните податоци, смртноста од Ковид кај возрасна група до 19 години е само 0,00003 проценти!

Нешто поголема смртност од корона има кај популацијата на возраст од 20 до 49 години, каде што смртноста е 0,0002%.

Сепак, во возрасната група помеѓу 50 и 69 години, стапката на смртност се зголемува на 0,005 проценти, а највисока е кај постарите од 70 години, поточно 0,054 проценти.

Поврзани вести

Хаос на грчкиот граничен премин Промахонас, се чека над 5 часа

Влатко Зорба

Ѓилас: ЕУ да не мижи пред случувањата во Србија

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во БиХ се зголеми на три

Абазовиќ: Себеси се гледам повеќе во Парламентот, немам ништо против Кривокапиќ да биде премиер

Никола Поповски

Пожарникарите едвај успеале да го изгаснат пожарот во Мостар и да ги одбранат куќите и приватните објекти

Александар Петровски

Вулин: Тачи треба да ја објасни неговата вмешаност во убивање и киднапирање на Срби

Влатко Зорба