Регион

Дачиќ ја обвини опозицијата за случувањата пред Собранието на Србија

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека таа партија го осудува, како што изјавија, „хаосот, инцидентите и насилниот упад во Националното собрание“.

„Нема сомнение дека ова е реакција на опозицијата на повикот (на српскиот претседател Александар Вучиќ) за единство во борбата против короната и во однос на државните предизвици со кои ќе се соочи Србија. Во Собранието се влегува преку избори, а не преку улица. Со ова се нанесува штета на Србија како целина, но тие исто така ги загрозуваат животите на луѓето“, рече Дачиќ.

Демонстрациите се одржуваат пред Националното собрание, кои следат откако Вучиќ најави нови рестриктивни мерки заради епидемиолошката состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот.

Поврзани вести

Од коронавирус почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија

Александар Петровски

Грчкиот Парламент изгласа новиот закон за процедурите за доделување азил

Влатко Зорба

Јанковиќ до кризниот штаб: Ставете точка на овие приказни за колективен имунитет, одговорот е НЕ!

Stefanija Kuzmanovska

Корона влезе во студентските домови во Белград, заразени 20 студенти

Гутереш во посета на Турција, Ердоган му го презентира планот за бегалците

Влатко Зорба

Почина уште една бремена жена со симптоми на коронавирус во Србија