Регион

Дачиќ: Конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија е предупредување за регионот

Министерот за надворешни работи и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, денеска оцени дека вооружениот конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија може да послужи во нашиот регион како предупредување за тоа колку малку време е потребно за повторно да се разгори војната.

Конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија трае веќе подолго време, станува збор за делот од Нагорно Карабах кој му припаѓал на Азербејџан, а во кој живеат Ерменци, објасни Дачиќ за телевизијата „Хепи“.

Според него, и пред и по настаните во СССР, таму имало инциденти, тоа бил тлеен конфликт и била формирана групата Минск за да се реши, но тие не сториле ништо.

„Јас отидов во Азербејџан и Ерменија како претседател на ОБСЕ“, потсети Дачиќ и посочи дека Србија е пријател со двете земји и од нејзин интерес е да се запрат конфликтите.

Турција е заинтересирана за тој конфликт, бидејќи тие го сметаат Азербејџан за нивна зона на интерес. Русија е неутрална, но Азербејџан ја обвини Москва дека е на страната на Ерменците, нагласи Дачиќ.

„Имаме амбасада во Азербејџан и требаше да отвориме и во Ерменија, така што траеше подолго, но имаме еден дипломат во Ереван кој сега извршува дипломатски должности“, изјави тој.

Денес, Амбасадата на Азербејџан во Србија побара Србија да биде на нивна страна во конфликтот меѓу таа земја и Ерменија, во согласност со политиката на старото партнерство меѓу Азербејџан и Србија и политиката на официјален Баку за прашањето на Косово.

Поврзани вести

Со каков тест може да се влезе во Црна Гора?

Влатко Зорба

Ѓилас: Вучиќ е 40 минути гостин во дневникот на РТС, кој трае 30 минути

Влатко Зорба

Рама: Албанија нема да плаче пред вратите на ЕУ

Никола Поповски

Словенија од денес воведува полициски час, процентот на заразени е над 20 проценти

Никола Поповски

Тачи: Дијалогот со Вучиќ е неизбежен, бидејќи него го избра српскиот народ

Границите со Грција остануваат затворени до 30 септември

Влатко Зорба