Регион

Дачиќ: Не знам дали ќе останам на функцијата во новата влада

Не знам дали ќе останам на позицијата министер за надворешни работи во идната Влада на Србија, не зборував за тоа со претседателот Александар Вучиќ, рече денеска шефот на српската дипломатија и претседателот на СПС, Ивица Дачиќ.

„Сè додека не се формира нова влада, ние работиме од државен интерес, потоа кој ќе стане министер, тој ќе работи“, рече тој за ТВ Прва.

Тој оцени дека тие направиле многу работи заедно од 2012 година и дека има резултати од таквата работа.

„Ова време ќе биде запаметено, а резултатот е што 18 држави го повлекоа признавањето за независност на Косово, што досега не се случило“, рече тој.

Тој додаде дека ситуацијата е тешка бидејќи притисокот првенствено ќе биде врз Вучиќ да го признае Косово и да му се покаже дека доколку тој не го стори тоа, може да се обидат да го соборат на улица.

„Затоа на Србија и треба национално единство“, рече тој.

Дачиќ повтори дека СПС и Обединета Србија се подготвени да ја продолжат соработката со Александар Вучиќ.

Поврзани вести

Д-р Кон објаснува зошто Италијанците ковид-19 го нарекуваат „српски вирус“

Александар Петровски

Д-р Кон: Сè уште теоретски е можно коронавирусот да исчезне

Влатко Зорба

Српски медиуми: Абазовиќ е нов министер за надворешни работи

Никола Поповски

Српски пулмолог: Вирусот е вештачки, вакцината на Бил Гејтс е лоша

Ердоган: Анкара ќе постапува порешително во Сирија

Ивана Рамаданова

Харадинај и Мустафа постигнаа договор за формирање влада