Регион

Дали цел хотел ќе мора во карантин ако некој од гостите се зарази?

Она што ги интересира оние кои ќе одлучат да летуваат надвор од границите на земјата е што ќе се случи ако некој се зарази во хотелот во којшто престојуваат.

Кога станува збор за Хрватска, таа дилема ја реши директорката на Клиниката за инфективни болести, Алемка Маркотиќ. Таа гостувајќи на RTL рече дека во Хрватска полека доаѓа до попуштање на мерките кои се воведени по избивање на пандемијата на коронавирусот и објасни дали ќе се затвори хотел во случај да се разболе некој од гостите.

“Некој мора да го прегледа човекот, епидемиолози да земат негови податоци и да ги утврдат неговите контакти и движење, дали луѓето кои биле со него во контакт држеле дистанца, хигиенски мерки на заштита и слично. Потоа ќе се донесе одлука што е потребно да се стори во објектот“, рече Маркотиќ и додаде дека таква ситуација може да се случи, но верува дека епидемиолошките служби ќе знаат како да реагираат.

Поврзани вести

Вучиќ: Во Вашингтон не прифативме меѓусебно признавање со Косово

Александар Петровски

Проголтал 34 пакувања течен кокаин на аеродромот во Атина

Maja_Serafimova

Унгарија: Еден смртен случај во Унгарија, Армијата ќе раководи со најголемите компании во земјата

Сите сметки се блокирани, Телеком Косово пред банкрот

Maja_Serafimova

Вучиќ за наводите на АФП: Оние што имаа 40.000 мртви во нивните земји, сега држат предавања

Stefanija Kuzmanovska

Грција очајно има потреба од своите иселеници и ги моли да се вратат

Влатко Зорба