Регион

Депортирани 40.000 бегалци од Истанбул

Турција соопшти дека депортирала над 40.000 бегалци кои живеат во Истанбул и ги испратила назад во провинциите каде што првично биле регистрирани.

Кампањата, која траеше од јули до крајот на октомври, има за цел да го намали бројот на бегалци во најголемиот град и економски центар во Турција.

Земјата е домаќин на околу 3,6 милиони сириски бегалци – повеќе од која било друга држава, иако технички се под „привремена заштита“ поради тоа што Владата не им нуди официјален статус на бегалци.

Според системот, тие мора да останат во провинцијата каде што првично биле назначени, а другите градови може да ги посетуваат само за кус престој.

Кабинетот на градоначалникот во Истанбул соопшти дека со помош на полицијата 42.888 мигранти биле вратени во нивните провинции меѓу јули и октомври, без да се прецизира нивната националност.

Во јули беше соопштено дека 547.000 Сиријци се официјално регистрирани во Истанбул и дека не се прифаќаат нови регистрации.

Поврзани вести

Јахта со четворица патници плови без контрола поради проблеми со моторот

Maja_Serafimova

Воените ветерани на ОВК повторно добија документи од Специјалниот суд од непознато лице (видео)

Никола Поповски

Абазовиќ: Спорниот закон за црквата ќе го измениме за 5 минути

Никола Поповски

Вучиќ: Ги замолувам сите луѓе пред српскиот парламент да не се собираат до крајот на мај

Уапсено лице со над 300 килограми марихуана

Влатко Зорба

Србија годишно ја напуштаат повеќе од 51.000 млади луѓе