Регион

Две месечно бебе во Хрватска заразено со коронавирус

Во округот Карловац, заразени се вкупно 24 лица, а меѓу нив е, како што соопштиja денеска властите во тој регион, двомесечно бебе.

Ова е најмладата личност заразена со коронавирус во Хрватска.

Шест лица се хоспитализирани во Карловац, едното е на клиника во Загреб, а другите се на домашна нега. Најстарото заболено лице има 82 години, а заразеното бебе е старо два и пол месеци и е од Дуга Реса.
Инфекцијата на бебето ја пренела неговата мајка.

„Бебето е пуштено од болницата поради нејзината добра состојба. Таа немаше треска, само благи проблеми со респираторниот систем. Состојбата се следи“, рече инфектологот на општата болница Карловац, д-р Лука Јерковиќ, јавува „KAportal“.

Нема новозаразени во округот Карловац во последните 24 часа.

Само еден доктор од округот Карловац е позитивен на коронавирус.

Поврзани вести

Косово: Примен пациент кој најверојатно е заразен со коронавирусот

Александар Тодески

Грците ги преплавија плажите на првиот викенд без ограничувања

Деветмесечно бебе починало од дехидрација во прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Лезбос

Хрватска: Официјално се регистрирани 878 пациенти со грип, а едно лице почина

Maja_Serafimova

Помпео до Тачи: Не се мешајте во Специјалниот суд за криминалните дела на ОВК

Албанија повторно на „сивата листа“ за перење пари

Ивана Рамаданова