Регион

Екипаж на крузер со 922 патници во Грција заразен со коронавирус

На крузерот Mein Schiff 6 беше спроведено случајно тестирање на 150 од 666 членови на екипажот. Целиот заразен персонал е асимптоматски, пишува Guardian.

“Во понеделникот ги добивме резултатите од тестирањето на персоналот и беше утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на коронавирус“, соопшти англо – германската туристичката компанија Tui.

Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстосувањето договорено со властите во Грција, позитивните лица веднаш биле ставени во изолација на бродот.

Крузерот со знаме на Малта патувал преку Пиреја до Крф. Капетанот престанал да плови веднаш штом дознал за резултатите од позитивните тестови и се закотвил пред островот Милос, сè додека грчките власти не му наредиле да се упати кон главниот пристаништен град.

Грчките медиуми јавуваат дека сите 922 патници ќе бидат затворени во своите кабини за време на патувањето.

Сепак, ова тврдење беше демантирано од компанијата Тui, која управува со овој луксузен брод заедно со американската компанија Royal Caribbean.

“Патниците можат да се движат нормално со брод, а крстосувањето продолжува според планираното“, кажаа од Тui.

Експертите за јавно здравје ќе го посетат крузерот кога ќе пристигне во Пиреја, а властите навестија дека никој нема да смее да се симне од бродот.

Поврзани вести

Најмалку седум лица загинаа откако им се преврте чамец

Maja_Serafimova

Во Федерацијата БиХ 108 новозаразени, шестмина починати

Stefanija Kuzmanovska

Чавушоглу: Тирана да ги испорача „ѓуленистите“

Додик: Не повикувам на војна, судири и сецесија на Република Српска, но има разговори за тоа

„Документот“ на Бајден за Косово го нема меѓу неговите публикации

Влатко Зорба

Хисени: Ова е финализирање на преговорите меѓу Белград и Приштина

Stefanija Kuzmanovska