Регион

„Економист“: Балканот прерано објави дека има контрола над короната

Неколку месеци се чинеше дека Балканот ја има под контрола пандемијата на коронавирусот, стапката на инфекција и стапката на смртност беше ниска, но сега осум од 10 балкански земји имаат најбрзорастечка стапка на заразени, пишува британски „Економист“.

Во март, кога Ковид-19 започна брзо да се шири во Европа, повеќето балкански земји бргу воведоа строги рестриктивни мерки.

Во мај црногорскиот премиер изјави дека неговата земја е првата „корона-фри“ на континентот, но до крајот на јули Црна Гора ја имаше втората највисока стапка на заразени во Европа.

Во Црна Гора, бројот на заразени лица започна да расте како што започнаа одморите, како и по големите антивладини демонстрации предводени од Српската православна црква, пишува „Економист“.

Од почетокот на јуни, според статистичките податоци во Србија, само 244 лица починале од вирусот, но потоа се појави извештај од истражување во кое се тврди дека бројот на загинати е 632, пишува британскиот весник.

Претседателот на Србија и српската влада во тоа време беа ангажирани во изборната кампања, негирајќи дека се обиделе да ги намалат реалните бројки, пишува „Економист“.

Во март косовскиот претседател, тогаш вклучен во политички спор со премиерот и неговата влада, им рече на граѓаните дека може да ги игнорираат нејзините инструкции да останат дома.

На 2 август, премиерот објави дека е позитивен на коронавирусот, а семејствата без надзор се шетаа во болници и надвор од нив за да купат храна и лекови за заразените роднини, се наведува во весникот.

Илјадници луѓе сега доаѓаат во Албанија, полнејќи ги плажите слични на сцените на бреговите на романското Црно Море, а бројот на заразените во Романија, исто така, рапидно расте.

Што се однесува до Босна, аналитичарот Ади Черимагиќ вели дека, иако болниците добро се снаоѓаат, скандалите за набавки поврзани со коронавирусот наведоа многумина да поверуваат дека некои заработуваат пари додека граѓаните се „затворени“.

Според него, како што наведува, има притисок врз сиромашниот дел од Европа луѓето да се вратат на работа и тоа дополнително ја зголемува стапката на инфекција.

Во целиот регион, пандемијата се совпадна со православните, католичките и муслиманските празници на кои се собираа семејства и голем број на луѓе.

Ако е точно дека раните строги мерки беа успешни, таа предност се изгуби со брзото повторно отворање, или можеби раните броеви беа погрешни поради лошото мерење или прикривањето, или сликата можеби никогаш не била толку добра како што изгледаше, тврди „Економист“.

Поврзани вести

Мустафа: Дијалогот со Србија може да се заврши наесен

Влатко Зорба

Ердоган: Анкара ќе постапува порешително во Сирија

Ивана Рамаданова

Хрватскиот министер за правда побара оставка од државниот обвинител, по признанието дека е масон

Никола Поповски

Бизарни сцени од Белград: Група со верски симболи меѓу демонстрантите (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Уставниот суд на Косово го суспендираше назначувањето на Хоти за мандатар

Грците ги преплавија плажите на првиот викенд без ограничувања