Регион

„Епл“ го прикажа Косово како дел од Србија, се води војна со петиции

На Интернет се води војна со петиции поради границите на Косово меѓу потписниците од српската и албанската страна, бидејќи американската компанија „Епл“ го покажа Косово во рамките на границите на Србија на својата апликација „Епл мапи“.

Наскоро се појави петици на платформата Change.org за ограничување на Косово како независна држава, со наслов „Ставете го Косово на „Епл мапи“.

Петицијата доби околу 11.000 потписи во петокот кога беше објавена на Интернет.

После тоа, на Фејсбук се појави петиција да се задржи Косово на мапите како дел од Србија.

„Ве молиме, задржете го овој начин на прикажување на Косово на „Епл мапи“. Во моментов, корисниците можат да го видат Косово како дел од Република Србија. Според Уставот на Република Србија, Косово е провинција во Србија“, се пишува меѓу другото и во контра-петицијата.

Поврзани вести

Албанија: Прв смртен случај од менингитис

Никола Поповски

Кон: Немаме време

Stefanija Kuzmanovska

Две месечно бебе во Хрватска заразено со коронавирус

Влатко Зорба

Бројката на жртвите од земјотресот во Албанија достигна 35 лица

Грција: Расте бројот на пациенти, најава за на нови мерки за „балканците“

Stefanija Kuzmanovska

Студентите во Грција против последните промени во законите за образование