Регион

ФОТО и ВИДЕО: Загреб се тресе – Два земјотреса еден по друг, уништени згради и возила

Силен земјотрес руинираше голем дел од Загреб и северозападна Хрватска, јавуваат хрватските медиуми. Првиот се случил во 6:24 часот со 5,5 степени, а кратко потоа во 7:01 часот се случил и вториот потрес, со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала. „Афтершок“ се случил и нешто подоцна со јачина од 3,7 степени.

Загреб и околината во моментов ги бројат штетите, откако земјотресот придонесе за неколку оштетени објекти и автомобили.

Полицијата и брзата помош јавиле дека имале многу повици утринава. „Јутарњи“ пишува дека бил евакуиран и претседателот Зоран Милановиќ. Од министерството за внатрешни работи дадоа предупредување сите жители да ги напуштат објектите, и да се оддалечат од електрични кабли.

Nezapamćeni potres u Zagrebu, otpao vrh katedrale

Gepostet von Index.hr am Samstag, 21. März 2020

Поврзани вести

Ден на жалост утре во Албанија

Влатко Зорба

Се зголемува бројот на новозаразени во Србија: 254 нови случаи, тројца починати

Влатко Зорба

Просечната плата во Црна Гора е 527 евра

Влатко Зорба

По катастрофалниот земјотрес во Албанија, 3.135 граѓани се евакуирани и 5.497 домови се тешко оштетени

Maja_Serafimova

Билд за обвинението за Тачи и Весели: Политичка бомба за Косово и Балканот

Влатко Зорба

Момче беше спасено од урнатините во Албанија (ВИДЕО)