Регион

Ѓилас кон Вучиќ: Поради изборите, ги турна луѓето во смрт (ВИДЕО)

Лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е лично одговорен за смртта на секој човек како резултат на коронавирусот.

„Александар Вучиќ, на почетокот на мај, објави дека ја победивме короната. Вчера 11 лица починаа како резултат на вирусот, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Александар Вучиќ, вие сте лично одговорни за смртта на секој од нив, како и за сите оние што починаа во последниот месец. Вие сте лично одговорни за секоја личност која се зарази во последните два месеци, рече Ѓилас, додавајќи дека претседателот на Србија намерно создал атмосфера дека нема повеќе коронавирус за да организира избори.

Тој потсети дека Српската напредна партија организирала митинг во мај, каде присуствуваа неколку илјади нејзини приврзаници.

Поврзани вести

Вучиќ: Одлуката на Црна Гора е политичка, ние во таа кал нема да влеземе

Болтон: Идејата за корекција на границата во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина не е моја

Влатко Зорба

Тадиќ: Во функција е систематската криминализација на српското општество (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Курти: Дијалог почнувам прво со Србите на Косово

Влатко Зорба

Уште 6 лица починаа во Србија, 289 новoзаразени со Ковид-19

Влатко Зорба

Влошена здравствена состојба: Петмесечно бебе заразено со коронавирус во Косово