Регион

Ѓилас: Опозицијата и денеска ќе биде покрај својот народ 

Лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, изјави дека Алијансата за Србија не е организатор на демонстрациите, но дека, доколку продолжат, тие ќе бидат покрај граѓаните, пренесува РТС.

Драган Ѓилас рече дека протестите, кои се случуваат веќе два дена, се протести на луѓе кои протестираат против насилството врз нив.

Претседателот на Србија, вели Ѓилас, контролира сè, но не и народот, кој излегол на улиците, затоа што не постои можност да се изрази незадоволство преку институциите.

Протестите се претставени како пресметка меѓу хулиганите и државата, а вистината е дека хулиганите и дел од полицијата ја бранат владата, тврди Ѓилас и додава дека е подобро да се инвестира во болници отколку во дронови.

Поврзани вести

Грција нема да воведува карантин и тестови за коронавирус?

Борел: Статус-квото во преговорите Белград-Приштина е неподносливо

Stefanija Kuzmanovska

Нови седум заразени со коронавирус во Србија, вкупно 31

Вучиќ со својот народ во Црна Гора: Не очекувам дека спорниот Закон ќе биде повлечен

Никола Поповски

Полицискиот час во Србија ќе се зголеми на 12 часа, бројката на заболени се искачи на 171 лице

Црна Гора се вброи меѓу 10 земји во Европа со најмногу самоубиства

user4