Регион СВЕТ

Грчката влада почна кампања под слоганот „Остануваме дома“ за справување со коронавирусот

Под слоганот „Остануваме дома“, министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, преку неговите профили на „Твитер“, „Фејсбук“ и „Инстаграм“, доцна синоќа започна кампања на социјалните мрежи за да се спречи ширењето на коронавирусот, кампања која наиде на голем одѕив од граѓаните.

-Остануваме дома. Најефективната мерка за ограничување на епидемијата, при појавувањето симптоми на вирус, доколку не припаѓаме на ранлива група. За анализи во болниците, даваме приоритет на нашите сограѓани со хронични болести и на постарите луѓе, напиша Кикиљас на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од куќа на која пишува „Остануваме дома“.

Фотографијата почна експресно да се споделува на социјалните мрежи во Грција, како од политичарите, познатите личности, така и од обичните граѓани.

-Остануваме дома колку е можно повеќе, излегуваме само ако постои сериозна потреба. Се заштитуваме самите и ги заштитуваме другите, го забавуваме ширењето на коронавирусот, помагаме да се спречи оптовареност на јавниот здравствен систем. Сите го правиме она што е правилно, напишаа од грчката влада на социјалните мрежи, споделувајќи ја фотографијата.

Фотографијата, исто така, ја споделија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и министрите од грчката влада. Во кампањата се вклучија и многу познати личност од Грција, кои преку видеа на социјалните мрежи ги повикуваат граѓаните да останат дома.

Вчера попладне, неколку часа пред Кикиљас да ја започне кампањата, на социјалните мрежи, грчкиот тенисер и рекет број пет во светот, Стефанос Циципас преку видео ги советуваше неговите фанови како да се заштитат од коронавирусот.

-Не треба да размислуваме „ова не се однесува на мене“. Се однесува на сите нас. Само ако внимаваме ќе го намалиме ширењето. Па така, што правиме? Често ги миеме рацете. И не набрзина. Мијте ги рацете и два пати во себе кажувајте си ја „Happy birthday to you“. Толку време е потребно за правилно миење на рацете, рече Циципас во еден дел од видеото.

Видео пораката на тенисерот, ја споделија и грчкиот премиер и министри од владата и му се заблагодарија на Циципас. Министерството за здравство на Грција вчера ги соопшти новите мерки, според кои, следните 15 дена ќе бидат затворени судовите, кината, театрите, ноќните клубови, фитнес центри, како и детските игралишта со лулашки.

Во Грција потврдени се вкупно 117 позитивни случаи на коронавирусот, а регистриран е и еден смртен случај.

Поврзани вести

Задар: Графит против Србите

user4

Откриено што му се случило на волонтерот врз кого била тестирана вакцината од Оксфорд

Stefanija Kuzmanovska

Како руски сухој избегна противавионски ракети (ВИДЕО)

ЕК предлага нов инструмент за помош на фирмите погодени од Ковид-19

Граѓаните на САД на Денот на вљубените ќе потрошат околу 27,4 милијарди долари

Александар Петровски

Вучиќ: Србија оваа година ќе се соочи со ултиматум за прашањето за Косово