Регион

Гренел: Точката 10 ќе се најде на дневен ред во Брисел

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Србија и Косово, Ричард Гренел рече дека точката 10 е отфрлена од договорот потпишан во Вашингтон.

Тој изјави дека една од причините зошто тие се подготвени да не разговараат за тоа во Вашингтон е тоа што точката ќе биде на дневен ред на состанокот во Брисел, каде утре Александар Вучиќ и Авдулах Хоти повторно ќе се сретнат.

„Се обидуваме да го сториме ова заедно со ЕУ, да видиме што можеме ние да сториме, што можете вие да направите за да се придвижи ова напред. Ова детално ќе се дискутира во понеделник. Затоа ја исфрливме“, рече Гренел.

Потсетуваме, српските медиуми, додека траеше состанокот во Белата куќа, објавија дека пред српската делегација е ставен документ со 16 точки и дека едната предвидува заемно признавање.

Оваа информација тогаш ја потврди министерот за финансии, Синиша Мали, пред новинарите во Вашингтон, додека Ричард Гренел ги демантираше на Твитер.

Поврзани вести

Вучиќ: Градењето на српскиот„Вембли“ е „насушна потреба“ за Србија

Влатко Зорба

Регистрирани речиси 13.500 молњи во Грција

Дваесет минути по силниот земјотрес во Албанија се родија близнаци (ВИДЕО)

Рама: Складиштата се полни со храна и облека, време е за донации со пари

Влатко Зорба

Гренел од Приштина: Таксите кон Србија мора да бидат укинати, Србија да престане со кампањата за повлекување на признавањето

Никола Поповски

Во Албанија регистрирана е шестата жртва од коронавирус