Регион

Гренел во недела на литургија во српски храм во Милвоки

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалог меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, ќе присуствува на литургијата во Храмот Свети Сава во Милвоки во недела на 25 октомври, соопшти денеска иницијативата „Србите за Трамп“, која силно ја поддржува кандидатурата на актуелниот претседател на САД на претстојните избори.

Ова беше објавено на Фејсбук страницата на Иницијативата, наведувајќи дека отец Велеушиќ и „американските“ Срби се горди што Гренел ќе им се придружи на неделната литургија во црквата Свети Сава, кој, како што велат, ќе ја посети српската заедница за време на неговата посета на Висконсин.

„Отец Велеушиќ и американските Срби изразуваат благодарност што ќе им се придружи и амбасадорот Гренел, кој исто така ќе ја посети српската заедница за време на неговата посета на Висконсин“, стои во објавата на Фејсбук.

Поврзани вести

Кон: Ситуацијата е критична, скоро и да нема место во болниците во Белград

Никола Поповски

Земјотрес со јачина од 5 степени ја стресе Грција

Влатко Зорба

Демократите го пробиле кордонот во општинското Собрание на Будва (ВИДЕО)

Србија: Бројот на новозаразени е драстично намален, официјално починале уште три лица

Никола Поповски

Вучиќ: Нема српско оружје во Азербејџан

Влатко Зорба

Актерот на „Јужни ветар“: Вечно ќе го паметам патријархот Иринеј