Регион

Гренел за дијалогот Белград-Приштина: Кампањите за повлекување на признавање и барања за членство во меѓународни организации ќе престанат

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, на Твитер објави дека добил уверување од владите на Косово и Србија дека привремено ќе ја запрат кампањата за повлекување признавање, односно барања за членство во меѓународни организации, со цел да се сретнат во Белата куќа на 27 јуни.

„Одлична вест! Добив уверување од владите на Косово и Србија дека привремено ќе престанат со кампањите за повлекување признавања и барања за членство во меѓународни организации со цел да се состанат во Вашингтон, во Белата куќа на 27 јуни и да разговараат за дијалогот“, рече Ричард Гренел.

Тој посочи дека ако една од страните не е задоволна од разговорите на 27 јуни, таа ќе се врати на статус кво.

„Како што упорно зборуваме, ние прво мора да обезбедиме економски раст. Тоа е фокусот. Јас со нетрпение ги очекувам овие разговори“, рече Гренел.

Неколку минути подоцна, косовскиот претседател Хашим Тачи се огласи на Твитер.

„Раководството и поддршката на Соединетите држави отсекогаш биле одлучувачки за просперитетот на Косово. Затоа, го поздравувам повикот за продолжување на дијалогот за нормализирање на односите под водство на специјалниот пратеник на претседателот Трамп“, објави Тачи.

Поврзани вести

Албанија го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2020

Аеродромот во Истанбул доби признание за „Аеродром на годината”

Последен ден од кампањата во Хрватска, од полноќ почнува изборниот молк

Блокиран пристапот до најважните институции во Црна Гора

Stefanija Kuzmanovska

Средба Вучиќ-Лавров: Ставот на Русија за прашањето околу Косово е непроменет, ЕУ мора да учествува во дијалогот

„Човекот на Ердоган“ победи на претседателските избори во северен Кипар

Никола Поповски