Регион СВЕТ

Ѓукановиќ: Црна Гора треба да има својата православна црква, што ќе биде одвоена од Српската црква и Србија

Црна Гора треба да има својата православна црква, што ќе биде одвоена од Српската црква и Србија за да го консолидира својот национален идентитет, изјави шефот на државата Мило Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ го изјави ова по протестите во Црна Гора, кои траат повеќе од еден месец, организирани од Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ, незадоволни од донесувањето на Законот за слобода на вероисповед.

– Долготрајните тензии околу проблемот ескалираа кога Владата во декември донесе закон, кој може да претвори многу од најстарите манастири и цркви во државен имот на Црна Гора, и тоа покрена масовни протести, истакна Ѓукановиќ во интервјуто за АФП.

Тој го обвинува свештенството на СПЦ за поткопување на неговите напори за консолидирање на 14-годишната независност на земјата.

– Српската православна црква е еден меѓу важните инструменти што ги користат идеолозите во големосрпскиот национализам против Црна Гора, против црногорската независност, против нејзиниот национален, културен и верски идентитет, нагласи Ѓукановиќ.

Поврзани вести

Бугарија дозволи прелет: „Панцир“ пристигнува во Србија

Никола Поповски

Аналитичарите за резултатите од изборите во Хрватска: Пленковиќ е главен адут на убедливата победа на ХДЗ

Медицинска сестра од Вухан со контроверзна изјава: Во Кина има 90 000 заразени од смртоносниот вирус, не и верувајте на Владата (видео)

Никола Поповски

Уапсен амбасадорот на Азербејџан во Црна Гора, Србија и БиХ

Влатко Зорба

Австриски функционер: Тачи нема да биде осуден, обвинението против него е „ситна боранија“ за Белград

Путин повика на опремување со што повеќе болнички кревети: Јас му верувам на Господ