Регион

Харадинај: Назначувањето на Лајчак ќе го забави процесот на дијалог со Србија

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај рече дека со назначувањето на Мирослав Лајчак за специјален претставник за дијалогот меѓу Косово и Србија, Европската унија го забавува процесот во кој САД досега играа водечка улога.

„Во фазите на големото финале на американското раководство, ЕУ го забавува процесот“, напиша Харадинај на својот профил на Твитер.

Претходно денес, Европскиот совет го назначи Мирослав Лајчак за специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања во врска со Западен Балкан.

Лајчак ќе ја преземе функцијата веднаш, а неговиот мандат ќе трае 12 месеци, соопшти Европскиот совет.

Задачата на новиот специјален претставник ќе биде да постигне „сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово“, да промовира добрососедски односи и помирување меѓу партнерите во Западен Балкан, „помагајќи им да го надминат наследството од минатото“.

Лајчак беше словачки министер за надворешни работи и претседател на Генералното собрание на Обединетите нации 2017/2018 година. Од 2007 до 2009 година, тој беше Специјален претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина и Висок претставник на меѓународната заедница во таа земја.

Поврзани вести

Разговорот помеѓу Путин и Ердоган се базираа на билатералните односи и ситуацијата во Сирија

Maja_Serafimova

Повреден татко има само една желба: Да се пронајде неговата ќерка под урнатините (ВИДЕО)

Девојка го фати крстот во Зајечар, момците џентлменски и дадоа предност (ВИДЕО)

Хафтар тајно пристигнува во Атина, утре средби со Дендиас и Мицотакис

Словенечката и италијанската полиција дополнително ќе ја подобрат соработката

Влатко Зорба

Со девет и пол милиони ноќевања регистрирани во хотелите, 2019 беше рекордна година за туризмот во Брисел

Maja_Serafimova