Регион

Хашкиот обвинител поднесе обвинение против косовскиот претседател Тачи

Канцеларијата на специјалниот обвинител за воени злосторства на Косово во Хаг во денеска објави дека поднела обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото против косовскиот претседател Хашим Тачи и „други“, наведува „Н1“.

Обвинението е „резултат на долга истрага и изразува убедување на СПО (Канцеларија на специјалниот обвинител) дека може да ги докаже сите обвиненија надвор од разумно сомневање“, се вели во соопштението на Хашкото обвинителство.

Во обвинението се тврди дека Хашим Тачи, Кадри Весељи, командант на службата за контраразузнавање за време на војната во Косово во доцните 90-ти а моментално лидер на косовската опозиција, и другите осомничени во обвинението сносат казнена одговорност за скоро 100 убиства, а идентитетот на жртвите, вклучувајќи ги и косовските Албанци, Срби, Роми и луѓе од други националности, како и политички противници, е познат.

Обвинителството вели дека сметало дека е неопходно да се издаде јавна изјава поради „тековните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весељи да ја опструираат и поткопаат работата на Специјалните комори за Косово составени од меѓународни судии.

„Со тоа господинот Тачи и господинот Весељи покажаа дека нивните лични интереси се поважни од жртвите на нивните злосторства, владеењето на правото и народот на Косово во целина“, се вели во соопштението на обвинителството, истакнувајќи дека судијата на Специјалната комора на Косово во моментот го испитува обвинението за да одлучи дали ќе го потврди.

Специјалните судски совети ги судат според косовскиот закон, се состојат од меѓународни судии и обвинители и се финансирани од ЕУ.

Тачи и Весељи беа меѓу главните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на судирите со српските сили кон крајот на 90-тите години, а претходно негираа вмешаност во какви било воени злосторства. Обвинителството не даде дополнителни детали за нивните наводни воени злосторства.

Поврзани вести

Инцидент во Собранието на РС: Министер удри пратеник (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Тачи најави: Патувам во Хаг на разговор

Србија ќе мора да избере – или со ЕУ или со Русија

user4

Д-р Несторовиќ: Вистината за коронавирусот ќе се појави, тоа е апсолутно политичка работа

Берта Китинска

Д-р Глигиќ: Короната ќе остане засекогаш во природата, ќе има голем наплив за вакцини

Берта Китинска

Советот на ЕУ денес ќе разговара за реформите за проширување

Влатко Зорба