Регион

Хоти го откажал патувањето во Вашингтон во согласност со Гренел

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти рече дека одлуката за откажување на патувањето во Вашингтон е донесена во договор со претставникот на Американците во дијалогот – Ричард Гренел.

Тој го изјави ова откако претходно објави дека го откажал планираното патување во Вашингтон, кое исто така беше откажано вчера од претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Косовскиот премиер е во Брисел на претходно планираната официјална посета. Тој се состана со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, а подоцна во текот на денот ќе оствари разговори со претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Неизбежна тема на сите состаноци е продолжување на дијалогот и последиците од одлуката на Хашкото обвинителство во иднината на дијалогот.

Според официјалните претставници на ЕУ, кои зборувале анонимно, Брисел се обидува да продолжи со агендата, без оглед на настаните во Приштина и, ако е можно, состанокот да го одржи во јули, како што беше веќе планирано, пренесува РСЕ.

Поврзани вести

Српски лекар: Граѓаните да го сфатат вирусот најсериозно и да не веруваат во политиката или во Кризниот штаб (ВИДЕО)

Александар Петровски

Тачи е спремен да ги продолжи преговорите со Белград

user3

Вучиќ: Србија никогаш нема да се придружи на НАТО, ниту ќе воведе санкции за Русија

Никола Поповски

Кривокапиќ: Ќе го укинеме Законот за слобода на вероисповед

Никола Поповски

Хрватска: 1,7 милиони туристи во првите 15 дена од август

Влатко Зорба

Бугари во такси криеле 200.000 евра и 300 грама злато

Stefanija Kuzmanovska