Регион

Хоти: Приштина е во дијалогот само за меѓусебно признавање

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, вели дека нема алтернатива на дијалогот со Белград, но тој посочува дека Приштина влегува во овој процес само заради меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите, рече Хоти, цитиран од „Косово онлајн“.

Хоти го рекол тоа по видео-самитот со официјалните претставници на ЕУ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и потврдил дека е постигнат договор во принцип дека следниот состанок ќе биде во Брисел во четврток.

Тој исто така рече дека агендата за таа средба во Брисел е поставена денес, со која, како што тврди, се согласиле и Белград и Приштина.

Хоти исто така тврди дека темите на денешната средба во Брисел биле воените репарации, враќање на катастарските документи, регулирање на економските односи и други прашања.

Косовскиот премиер истакна дека на видео конференцијата не присуствувал претседателот на земјата, Хашим Тачи.

Поврзани вести

Рама и одговори на опозицијата: Парламентарни избори во 2021

user4

Романец низ Србија возел пијан со 5,18 промили алкохол во организмот

Мета: Ќе направам се за земјата да се нормализира што е можно поскоро

Влатко Зорба

Ѓукановиќ: Потегот на Додик не ме тангира, БиХ мора добро да размисли каде води сето ова

Никола Поповски

Демократите го пробиле кордонот во општинското Собрание на Будва (ВИДЕО)

Пленковиќ: Сакаме Унијата да го задржи местото на водечки меѓународен фактор

user4