Регион

Хоти: Во Белата куќа со Србија како независна земја

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти на својот профил на Твитер објави дека ќе разговара за големи проекти со српската страна во Белата куќа на 2 септември, што ќе ја промени економската перспектива на Косово и на целиот регион.

„САД отсекогаш биле клучни во градењето на државата Косово. На 2 септември ќе се сретнеме со српската страна, како независни држави, во Белата куќа заради големите проекти што ќе ја променат економската перспектива на Косово и регионот. Косово е благословено со своите пријатели“, напиша Хоти на Твитер.

Специјалниот претставник на американскиот претседател за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, денеска соопшти дека разговорите меѓу Белград и Приштина ќе се одржат во Белата куќа на 2 септември.

Оваа средба доаѓа откако претходната средба, закажана за 27 јуни, беше откажана.

Поврзани вести

Сергеј Трифуновиќ: Собравме потписи!

Stefanija Kuzmanovska

Оливер Вархеји утре ќе ја презентира новата преговарачка методологија за земјите кандидати

Никола Поповски

Новата претседателка на Грција: Приоритетите се постигнување клима на безбедност и доверба, економски развој и запирање на иселувањето на младите во странство

Никола Поповски

Криза со мигрантите: Во 2020, Германија не е повеќе земјата од 2015 година

Анкета: Животниот стандард и невработеноста се најголемите проблеми со кои се соочува Србија

Maja_Serafimova

Училиштата во Лерин денеска се затворени поради снегот и лошите временски услови

Александар Петровски