Регион

Хрватите одлучија да забранат работа во недела

ХДЗ и нејзината влада почнуваат да ја спроведуваат забраната за работа во недела, потврди утрово владиниот портпарол, Марко Милиќ за „Индекс“.

Станува збор за предизборното ветување на ХДЗ, во кое тие најавија забрана за работа во недела со 14 работни недели годишно, кои би ги одредиле работодавачите.

“Што се однесува до неработната недела, политичкиот став на владата на ХДЗ е непроменет, сакаме неделата да биде неработна. Подготвуваме закон што ќе ја регулира работата во недела, земајќи го предвид балансот помеѓу работата, одморот и поминувањето време со семејството и блиските“, рече Милиќ.

Засега е непознато дали владата ќе се држи до предлогот од 14 неработни недели, оставајќи ги работодавците да одлучат кои недели ќе бидат неработни или предлогот ќе се модифицира. Но, познато е дека владата планира да забрани работа во повеќето недели, а тогаш треба да бидат отворени само пекарници, бензински пумпи и киосци, а веројатно и продавници на станиците.

Како што рече Милиќ, првите состаноци на таа тема ќе се одржат оваа недела, но не со работодавците, туку со синдикатите, а потоа треба да се разговара со работодавците.

Поврзани вести

Нови случаи на коронавирус во Словенија

Курти: Од синоќа во Косово има надеж, затоа што вчера имаше храброст

user4

Се празнат полиците низ маркетите во Љубљана поради страв од коронавирусот

„Економист“: Балканот прерано објави дека има контрола над короната

Влатко Зорба

Во последните 24 часа, уште 10 лица починале од коронавирус во Србија, а други 359 лица се заразиле

Корона во Хрватска: Тројца мртви, 341 новозаразени

Влатко Зорба