Регион

Хрватска: 197 новозаразени, четворица починаа

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 197 нови случаи на заразени со коронавирус, 4 лица починале, 183 се опоравиле, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Има 2.138 активни случаи, од кои 281 пациент е во болница, седум помалку од вчера, од кои 21 се на респиратор, објави Хина.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 14.922 лица се заразени со коронавирус, од кои 248 починаа, а 12.536 се опоравија, од кои 183 во последните 24 часа. Во моментов има 9.714 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 258.864 лица, од кои 4.384 во последните 24 часа

Поврзани вести

Последен ден од кампањата во Хрватска, од полноќ почнува изборниот молк

Солун: Извадени 21 електричен тротинет од Егејското море

Никола Поповски

Сојлу: Ние ќе ги испратиме заробените членови на Исламската држава во нивните земји

Влатко Зорба

Раде Шербеџија ги поддржа протестите во Белград

Stefanija Kuzmanovska

Вучиќ со порака до „непријателите“: Нашата црква е српска и немојте да ни го искоренувате народот

Никола Поповски

Во Хрватска се потврдени уште четири случаи со коронавирус, вкупно 69