Регион

Хрватска денес без новозаразени од корона

Во последните 24 часа во Хрватска нема ново заразени со коронавирус, така што вкупниот број од почетокот на епидемијата е сè уште 2.224, објави денеска Штабот за цивилна заштита.
Досега се тестирани вкупно 69.606 лица, од кои 257 во последните 24 часа.

Седум лица се во болница, а ниту еден пациент повеќе не е на респиратор.

Вкупниот број на оздравени е 2.132, а двајца пациенти закрепнале во последните 24 часа. Од нив, 828 се отпуштени од болницата, а 1.311 закрепнале дома.

Вкупно 106 лица во Хрватска починале од коронавирус досега.

Штабот на својот официјален профил на Твитер објави дека од 15 јуни ќе биде можно да се одржуваат спортски натпревари во присуство на публиката.

„ХЗJЗ ќе даде препораки за начинот на кој публиката ќе може да присуствува на спортски натпревари“, стои во соппштението на Штабот.

Поврзани вести

Уште пет лица починаа во Србија, вкупно 670 жртви на коронавирус

Влатко Зорба

Курти: Еден од приоритетите на нашата Влада е тужбата против Србија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Стефан (28) ја победи короната и има порака за сите

Владата и опозицијата се конфронтираа поради инцидентот во дворот на Економскиот факултет во Атина

Косово: Големи затворски казни за групата „Окото на народот“, за еден од членовите 10-годишен психијатриски надзор

Никола Поповски

Српската полицијата ги исфрли граѓаните од Собранието, фрлен и солзавец (ВИДЕО)

Влатко Зорба