Регион

Хрватска има 790 потврдени случаи на коронавирус

Во Хрватска има 77 случаи на коронавирус и во моментов 790 се заразени, 64 закрепнети, а шест се починати, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Министерот за здравство, Вили Берош, на прес-конференција изјави дека на респираторот има 27 лица, додека закрепнатите во однос на недела се за 12 повеќе.

Тестирани се вкупно 6.404 лица.

„Хрватска воведе мерки рано за да се спречи ширењето на вирусот. Задоволни сме што повеќето граѓани ги почитуваат мерките. Затоа нашата крива е сè уште линеарна. Ги повикуваме другите да ги почитуваат мерките“, рече Берош.

На прашањето за проценка на развојот на ситуацијата, тој потсети дека вирусот се пренесува преку контакт и респираторниот тракт.

„Ако ги почитуваме мерките, ние сме тие што можеме да го намалиме преносот на инфекцијата. Нашата судбина е во наши раце “, рече министерот.

Поврзани вести

Тројца починати и нови 57 случаи на заразени со коронавирус во Србија

Додик: Босна е заробена земја

Влатко Зорба

Србија во паника: Едно лице купило 1800 маски од аптека; Министерот за здравство апелира за смирување

Никола Поповски

Иринеј: Враќањето на Аја Софија во статус на џамија е историска неправда

Stefanija Kuzmanovska

Ердоган: Коментарите на Макрон за НАТО „болен и плиток“ поглед на нештата

Влатко Зорба

На првиот работен ден во хрватските училишта се појавија помалку од два проценти од учениците