Регион

Хрватска: Нови 2.776 случаи на Ковид-19, починаа 18 лица

Во Хрватска, во последните 24 часа се регистрирани 2.776 нови случаи на заразени со коронавирус, што е најголем број за еден ден од почетокот на епидемијата, а 18 лица починаа, објави во четвртокот Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на новозаразени е поголем отколку на 25 октомври, кога бројот на заразени надмина 2.400, пренесува Хина.

Бројот на активни случаи во Хрватска во моментов е вкупно 14.031, а меѓу нив 985 пациенти се во болница. Има 71 пациент на респираторот.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 43.775 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 511 починаа.

Вкупно се опоравиле 29.233 лица, од кои 1.463 во последните 24 часа.

Во моментов има 21.592 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 475.994 лица, од кои 9.679 во последните 24 часа.

Поврзани вести

Хрватскиот случај на Џорџ Флојд: И мојот син полицаец го задуши со колено, нема да се откажам од вистината

Александар Петровски

Рама: Состојбата во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување

Maja_Serafimova

Хрватска има најголем број на заразени од коронавирусот на Балканот

Влатко Зорба

Колона од 4.000 возила на преминот од Албанија кон Грција

Влатко Зорба

Вирусот ќе остане тука со нас, еве што кажуваат стручњаците

Масовно тестирање во Словенија за да се дознае вистинскиот број на заразени со коронавирусот