Регион

Хрватска: Туристичката сезона далеку над очекувањата

Од почетокот на годината до денес, Хрватска е на 50% од ланската туристичка сезона, додека во август забележа дури 70 проценти од туристите во однос на август минатата година, што е, според хрватската влада, изненадувачки добар резултат, со оглед на пандемијата на коронавирусот.

„Хрватска се пополнува од ден на ден и постигнуваме импресивни бројки. Во август имаме голем број на посетители и скоро 70 проценти од туристите, споредено со август минатата година. Тоа е огромен број со оглед дека ова е најинтензивен туристички месец, рече државниот секретар во Министерството за туризам, Франко Матушиќ.

Тој предвидува дека овие бројки сигурно ќе се подобрат значително и посочува дека годишните проекции се веќе над сите очекувања и предвидувања.

Поврзани вести

Починаа уште 6 лица во Србија, 254 новозаразени

Влатко Зорба

Светски рекорд: Над 120 новинари се наоѓаат во затворите во Турција

Црна Гора аут од списокот на Словенија за „земји безбедни од корона“

Влатко Зорба

„Нон пејпер“ од 9 земји од ЕУ за забрзана евроинтеграција на Западен Балкан

На првиот работен ден во хрватските училишта се појавија помалку од два проценти од учениците

Предизборен спот за кој цела Хрватска говори (ВИДЕО)