Регион

ИФИМЕС: Промените во Црна Гора се шират во Босна и Херцеговина

Во анализата, пред локалните избори во Босна и Херцеговина, Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана проценува дека бран политички промени се движи од Црна Гора во Босна и Херцеговина.

Изборната кампања за локалните избори во Босна и Херцеговина е обележана со традиционални политички ривали, но и со влијанието на бранот политички промени во Црна Гора, предизвикан од поразот на режимот на Мило Ѓукановиќ (ДПС) на парламентарните избори одржани на 30 август 2020 година, вели ИФИМЕС.

Бранот политички промени во Црна Гора ја погоди и Босна и Херцеговина, а најмногу нејзиниот ентитет, Република Српска (РС). Веќе се случи преуредување на политичката сцена, со излегување од владејачката и најдолготрајна коалиција СНСД-ДНС-СП на Демократскиот народен сојуз (ДНС).

Со доаѓањето на Ненад Нешиќ на чело, таа партија избра поинаков политички пат, што ќе биде во интерес на граѓаните, бидејќи Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) се засноваше на преживување на власта по секоја цена и огромно збогатување и грабеж на социјални ресурси од Милорад Додик и поединци околу него“, се наведува во анализата.

„Граѓаните во Република Српска имаат големи очекувања дека Социјалистичката партија (СП) на Петар Ѓокиќ ќе ја напушти владејачката коалиција, која неодамна се ослободи од групата на „Додиковци“ во своите редови и која ќе преовлада во корист на уривање на режимот на Милорад Додик со напуштање на владејачката коалиција“, се вели во истражувањето.

Според релевантните истражувања, СНСД ги губи локалните избори во Бања Лука, според ИФИМЕС.

Поврзани вести

Во Србија 30 лица починаа од коронавирус, а 6.254 се новозаразени

Никола Поповски

Седум лица починаа во Хрватска од коронавирус

Влатко Зорба

Колинда Грабар Китаровиќ: И јас го кревам средниот прст (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

По Вучиќ, и косовската делегација се пофали со клучот од Белата куќа

Влатко Зорба

Ратко Младиќ е жив: Лажната вест ја креирал италијански новинар?

Никола Поповски

„Ноје цирхер цајтунг“: ЕУ и Западот значително изгубија доверба и можност за влијание врз Балканот

user4