Регион

Иринеј: Враќањето на Аја Софија во статус на џамија е историска неправда

Српската православна црква смета дека враќањето на Света Софија во Истанбул во статус на џамија е историска неправда и избрзан и непотребен политички чекор штетен за угледот на Турција и односите на доверба меѓу христијаните и муслиманите, соопшти поглаварот на Српската православна црква патријархот Иринеј во апелот до Турција, пренесува „Н1“.

„Се надеваме дека на сите им е јасно дека алтернатива за иднина не е вештачки испровоцирана конфронтација на двете најголеми религии во светот, христијанството и исламот, туку мирот меѓу своите верници и не само мирот или просторот на толеранција, туку и меѓусебното почитување, како и дијалогот и соработка во се што му служи на општото добро на луѓето и народот и во исто време не загрозува ничиј религиозен и културен идентитет“, рече патријархот Иринеј.

Патријархот Иринеј посочи дека Српската православна црква смета дека единствено правилно решение, ако се измени декретот на основачот на модерната Турција, Кемал Ататурк, за статусот на Аја Софија како музеј, е да се дозволи христијански и муслимански богослужби во тој објект.

„Храмот е повеќе од доволно простран, така што никој не би пречил на некого. Таквото решение не би било преседан во современиот свет“, рече поглаварот на Српската православна црква, додавајќи дека таквото решение не би било преседан.

Поврзани вести

Курти го цитираше Арбен Џафери и потсети за „Голема Албанија“

Влатко Зорба

Црна Гора: Од земја без Ковид-19 до нов црн рекорд

Никола Поповски

Блик: 30 проценти од косовските граѓани не веруваат дека короната постои

Stefanija Kuzmanovska

Пленковиќ: Сакаме Унијата да го задржи местото на водечки меѓународен фактор

user4

ФОТО: Најмасовни протести во Црна Гора против Законот за слобода на вероисповест

Кисиќ: Можеби има 10 пати повеќе заразени во Србија

Влатко Зорба