Регион

Исидора Бјелица ќе биде кремирана

Синот на починатата српска писателка, Исидора Бјелица ги извести сите преку социјална мрежа за деталите за последното збогум на неговата мајка.

Лав Пајиќ во својата објава изјави дека Исидора ќе биде кремирана на Новите гробишта во Белград.

– Драги пријатели, ве известувам дека комеморацијата посветена на мојата мајка Исидора Бјелица – Пајиќ ќе се одржи во малата сала на Центарот Сава во сабота, 8 август, во 12 часот – напиша тој.

– Службата ќе се одржи во истиот ден на Новите гробишта, со почеток во 15:45 часот, по што кремирањето ќе се случи во 16:15 часот – изјави Лав на својот профил на Инстаграм.

Исидора Бјелица почина во болницата „Свети Сава“ во Белград, на 5 август, на 53-годишна возраст, по долгата борба со злобна болест.

Родена е во Сараево на 10 декември 1967 година, каде завршила средно училиште. Дипломирала на Факултет за драмски уметности во Белград (Катедра за драматургија) и магистрирала на тезата „Технотрилер како модерна форма на трагедија“.

Беше во брак со Небојша Пајкиќ, со кој имаше две деца, Лав Григориј и Вила Евангелина.

Таа е автор на повеќе од 40 книги посветени на различни генерации, а покрај тоа има напишано неколку претстави и радио драми.

Поврзани вести

Красниќи: Илузорно е да се очекува Србија да го признае Косово

Stefanija Kuzmanovska

Девет нови жртви од корона во Србија

Влатко Зорба

Пленковиќ ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ

Големо невреме ги зафати Котор и Тиват (ВИДЕО)

Александар Петровски

Нов, девети, случај на коронавирус во Хрватска

Весељи: За месец дена владеење на Курти, две земји го повлекоа признавањето на Косово