Регион

Казни до 20.000 евра за непочитување на прописите во Грција

Грција утре ќе отвори 515 организирани плажи, што се смета за клучен тест во борба за почеток на туристичка сезона, пишува Guardian.

На плажите ќе биде забранет спорт, музика, алкохол, а по советите на научниците , поради физичка дистанца ќе биде дозволено само 40 луѓе на 1.000 метри квадратни.

Чадорите за сонце мора да бидат оддалечени најмалку четири метри, со само две лежалки, во рестораните и баровите на плажи ќе може само да се земе храна, а персоналот се препорачува да носи маски.

За непочитување на прописите предвидени се парични казни од пет до 20.000 евра, кои ќе бидат тројно зголемени ако прекршокот се повтори, најави заменик министерот за безбедност Никос Хардалиас и додаде дека компаниите кои нема да се придржуваат на законите ќе бидат затворени прво на 30, а потоа на 90 дена.

Поврзани вести

Дали Бугарија може да остане без европските средства поради корупција?

Никола Поповски

Невреме во Хрватска: На Јадранот дува силен ветер, бурата во Сплит носеше се пред себе (ВИДЕО)

Александар Петровски

Мицотакис: Мигрантското прашање е европска тема

user4

Османи: Нема да биде дозволена поделба на Косово

Влатко Зорба

Двегодишно девојче од Земун на вештачко дишење заради полнач од мобилен

Вучиќ: Забрана на јавни собири со повеќе од сто лица во затворен простор