Регион

Кои се тројцата кандидати за наследник на Амфилохије?

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије Радовиќ почина во Клиничкиот центар во Подгорица, а Синодот на Српската православна црква го назначи епископот будимиљанско-никшишки Јоаникиј за администратор на црногорско-приморската Митрополија, додека не се избере нов митрополит.

Митрополитот, како и сите други архиепископи, е избран од Собранието на Српската православна црква под претседателство на патријархот Иринеј.

За избор е потребно присуство од две третини на сите архиереи (епископ, митрополит, патријарх и архиепископ), а доколку нема едногласна одлука, гласањето е тајно и се одлучува апсолутното мнозинство гласови, пишува „Вијести“.

Доколку нема апсолутно мнозинство, се гласа помеѓу двајцата кои имале најмногу гласови, и ако се случи бројот на гласовите да биде ист, патријархот одлучува.

Иако нема формално овластување, се очекува во изборот да биде вклучен и Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора, кој се состои од бискупи на епархии кои имаат територија во Црна Гора.

Во Епископскиот совет се вклучени епископот будимиљанско-никшички Јоаникије, епископот захумско-херцеговински Димитрије, милешевскиот епископ Атанасије Ракита, пензионираниот епископ Атанасије Јевтиќ и епископот диоклиски Методије.

Како можни наследници на митрополитот Амфилохије се споменуваат токму Јоаникије, Методије и поранешниот викарен епископ (заменик-митрополит) Кирило Бојовиќ.

Поврзани вести

Вучиќ: Ќе ја одбијам средбата со Трамп под еден услов

Никола Поповски

(ВИДЕО) Рама до младите: Наместо да седите во кафулиња, помогнете во обнова на урнатините

Александар Тодески

САД, Германија и Швајцарија против закон за УЧК

Влатко Зорба

Косовски медиуми: Блокирани американските инвестиции, Приштина „пократка“ за 200 милиони евра

Д-р Јанковиќ: Не смееме да се залажуваме дека нешто се менува на подобро

Влатко Зорба

Конечно формиран списокот со сите убиени и исчезнати новинари на Косово

Никола Поповски