Регион

Кон: Намалувањето на бројот на пациенти оди побавно отколку што очекувавме

Постепен пад има во бројот на пациенти со Ковид 19 во болниците, а во Белград се забележува намалување на сомнителните случаи на Ковид по прегледите, но ова намалување е побавно од очекуваното во однос на отпуштањата во болници, рече епидемиологот Предраг Кон на прес-конференцијата за Кризниот штаб.

Вирусот е сè уште со нас, бројките се сè уште големи и ситуацијата, и покрај јасно подобрување, сè уште е неизвесна, рече тој.

На прашањето зошто веќе не се објавуваат податоците за бројот на излекувани пациенти во Србија, тој рече дека причина за тоа е веројатно затоа што „не се собрани сите податоци“.

„На прегледите во ковид-амбулантите тој број постојано се зголемува и е поголем од бројот на нови случаи. Бројот на пациенти во болниците се намалува, но тие не секогаш се излечени, туку така се смета едвај две недели откако се отпуштени“, додаде тој.

Поврзани вести

Бројката на жртвите од земјотресот во Албанија достигна 35 лица

Мицотакис: Не може да се борам и да барам солидарност од Европа кога не постои солидарност меѓу нас

Влатко Зорба

Вучиќ: Од утре забрана за собири, полициски час од петок

Stefanija Kuzmanovska

13 лица починале од коронавирус во последниве 24 часа во Србија

Влатко Зорба

Почина воениот злосторник Ратко Младиќ

Никола Поповски

Со какви цени Грција пречекува туристи годинава?

Влатко Зорба