Регион

Кон: Студентите и средношколците се супер преносители на вирусот

Училиштата се најголем ризик за пренесување на коронавирусот, вели епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон и додава дека студентите и средношколците се супер преносители на вирусот.

Тој напоменал дека всушност, младите на возраст до 25 или 30 години најбрзо го пренесуваат вирусот затоа што имаат најголем контакт со околината.

„Има повеќе од 850.000 ученици во основните и средните училишта, но во нашите училишта е создаден систем кој функционира“, изјави Кон за ТВ Пинк, нагласувајќи дека носењето маски придонело за двојно помалце респираторни инфекции во четвртата недела од септември отколку во истиот период минатата година.

Тој забележува дека во училиштата се применуваат превентивни мерки, дека во првите три недели вирусот е регистриран во 21 основно училиште и седум средни училишта, но дека сите биле индивидуални случаи, пренесувањето е забележано само во едно училиште.

Тој наведува дека во моментов околу 48.000 граѓани на Србија кои се вратиле од странство се под надзор и дека системот за надзор исто така функционира.

Поврзани вести

Во Србија за 24 часа нови 250 случаи на заболени од коронавирус, 6 починаа

Влатко Зорба

Српски епидемиолог: Ситуацијата е алармантна, веднаш повлечете ги децата од градинка

Ураганот Јанош уништи делови од Грција

Stefanija Kuzmanovska

Полицискиот час во Србија ќе се зголеми на 12 часа, бројката на заболени се искачи на 171 лице

Во Србија почнува меѓупартиски дијалог со посредство на Европскиот парламент

Влатко Зорба

Нов, девети, случај на коронавирус во Хрватска