Регион

Кон за протестите: Луѓето покажаа колку се очајни, не е донесена конечна одлука за полициски час

Говорејќи на утринската програма на телевизијата N1, епидемиолог и член на Кризниот штаб на Владата на Србија, Предраг Кон, рече дека конечната одлука за воведување полициски час сè уште не е донесена, но дека ќе биде разгледана до петок.

Во однос на синоќешните настани пред Собранието, Кон рече дека чувствува длабока тага и дека имал разбирање за очајот на народот заради мерките.

„Морам да кажам дека имаме показатели дека ситуацијата се подобрува во Белград. Имаме тестирани околу 400-450 со сомневање за ковид, а пред тоа имавме 600. Тоа е силен показател“, изјави Кон.

Како што вели, се појавија првите индикации дека состојбата со епидемијата се подобрува.

„Мерки за максимална превенција на контакти, меѓу другото, се оние што вчера ги најави претседателот. Главниот показател за спроведување на мерките е зафаќањето на здравствените установи во Белград. Во еден момент имаше 300 луѓе на ден. Не смееме да дозволиме да немаме места во болници “, посочува Кон и додава дека се отвораат нови болнички установи за да се дејствува превентивно.

„Ние ќе го потиснеме вирусот и повторно ќе бидеме во прифатлива ситуација. Ќе помине еден месец пред растот повторно да започне. Сето тоа зависи од колективниот имунитет и ако започне нов бран, може да биде уште потежок од ова. Веќе имаме проблеми со капацитетот и нормално е да се мисли дека се потребни капацитети за уште потешка ситуација. Не само заради коронавирусот, туку и со цел да се растеретат другите болници за редовно функционирање. Второ, ни недостасува персонал, мора да го пополниме како што знаеме и умееме. Мора да размислуваме банапред. Сигурен сум дека е вознемирувачко, но мора да ја известиме јавноста за сè за што размислуваме, како очајот како вчера да не се манифестира, што можам целосно да го разберам“, рече епидемиологот Кон.

На прашањето како ги гледа мерките што ги најави вчера претседателот на Србија и дали се консултирал со Кризниот штаб, Кон рече дека Вучиќ излегол во јавноста со своите размислувања.

„Реакцијата покажа што мислат луѓето за тоа и колку се очајни за тоа. Мислам дека ќе разговараме за тоа во Кризниот штаб. Никој не размислува да малтретира некого, но нашата единствена цел, покрај тоа што е спасување животи, е да го растеретиме здравствениот систем“, вели тој.

Поврзани вести

Дачиќ: Србија нема да му се извини на никој поради судењето на лица што убивале Срби

Борисов: Возилото не влегло во нашата земја од регистрацијата во 2017 година

user4

Злосторство во училиште во Србија: Убиена директорката и нејзиниот возач

Критична фаза – поради одговорноста на повеќето Грци, бројот на нови случаи во земјата се стабилизира

Stefanija Kuzmanovska

Почина воениот злосторник Ратко Младиќ

Никола Поповски

Курти: Холокаустот да се помни вечно, ние Албанците знаеме како е да си непожелен, етнитет од втор ред

Никола Поповски