Регион

Крамп-Каренбауер: КФОР е исто толку важен денес, како што беше пред 20 години

Германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер ги посети војниците на германскиот контингент на КФОР во Приштина.

„КФОР е исто толку важен колку што беше пред 20 години за Косово и регионот“, напиша Крамп-Каренбауер на Твитер.

Германскиот министер за одбрана им се заблагодари на војниците за ангажманот, за кој рече дека е особено тежок за време на претстојните Божиќни празници.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Микеле Ризи, ја пренесе благодарноста на германската министерка за нејзиниот придонес во Бундесверот КФОР за поддршка на безбедноста и стабилноста во Косово.

Крамп-Каренбауер претходно престојуваше во Загреб , а од Приштина заминува во Авганистан.

Поврзани вести

Хрватска: Прв случај на опоравен од коронавирусот

Никола Поповски

Рама е за „Балкански Шенген“, Курти сака „Албански Шенген“

Никола Поповски

Што може да се очекува од средбата меѓу Тачи и Вучиќ во Белата куќа?

Бугарскиот премиер повикан на распит во обвинителството во врска со истрагата за Божков

Грчката влада почна кампања под слоганот „Остануваме дома“ за справување со коронавирусот

Протестите на пензионерите и таксистите предизвикаа сообраќаен колапс во Белград

Maja_Serafimova