Регион СВЕТ

Курти: Косово се наоѓа во најсериозната ситуација по последната војна пред повеќе од две децении

Вршителот на должноста претседател на Владата на Косово Албин Курти, по пат на видео-обраќање побара од косовските граѓани да ги почитуваат мерките за борба против новиот коронавирус, со цел поефикасно справување со, како што оцени, „најсериозната ситуација по последната војна пред повеќе од две децении“.

Курти им порача на граѓаните да не се плашат од можен недостиг на намирници, затоа што по совладувањето на епидемијата нема да им недостига ништо од тоа што го имале порано.

– На Косово нема да му недостига никогаш, ниту брашно, ниту други прехранбени производи, ниту било што од тоа што сме го имале порано. Трговијата продолжува исто како и порано и од царините имаме информации дека во Косово влегуваат сé повеќе стоки, изјави Курти и побара од граѓаните да не купуваат повеќе одошто им е потребно.

Цел на надлежните власти е да се спречи ширењето на вирусот, рече премиерот, нагласувајќи дека „изолацијата е единствената мерка со која располага светот во отсуство на вакцината“.

Тој побара од граѓаните трпение и самодисциплина за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19.

– Ние ги презедовме ограничувачките мерки многу пред тоа да го сторат земјите кои сега страдаат од овој вирус. Од првиот ден бараме ситуацијата да се земе мирно и без паника. Тоа не значи дека ова не е сериозна ситуација. Фактички, ова е најсериозната ситуација која ја имаме од последната војна пред повеќе од две децении, вели Курти.

Споед него, косовскиот народ „често пати бил тестиран за тоа колку е силен наспроти видливите и невидливите непријатели, но и за тоа колку е обединет пред заедничките предизвици“.

– Сите заедно треба да сме подготвени за тоа што не очекува во наредните денови и недели. Деновиве ќе влеземе во месецот во кој, според тоа како се развиваше овој вирус, може да имаме пораст на заразени од вирусот, додека по овој месец ќе можеме да излеземе од ситуацијава. Оваа ситуација сите нас повторно не учи на чувството на заедништво, изјави Курти, порачувајќи им на граѓаните да не излегуваат без потреба од нивните домови.

Во косово заклучно со вчерашниот ден официјално се потврдени 97 случаи на заразени од коронавирусот. Регистрирани се и едно излечено лице и една жртва на заразата.

Поврзани вести

Маж починал откако останал заглавен во кутија за донации во САД

Црна Гора ја забрани употребата на автомати за кафе

Претседателот на Бразил: Тестот е негативен и немам коронавирус, не наседнувајте на лажни вести

Во Црна Гора почина 65-годишен маж од последици на новиот коронавирус

Курти: Договорите постигнати под притисок не се добри

Влатко Зорба

Марин Ле Пен се прашува дали коронавирусот излегол од лабораторија

Stefanija Kuzmanovska