Регион

Курти: Не можам да гарантирам успех на преговорите со Србија

Во интервју за ТВ Шења, лидерот на „Самоопределување“ (ББ), Албин Курти вели дека има договор со Демократската лига на Косово (ЛДК) за формирање коалициска влада, но фракциите ги чекаат конечните резултати за да го формализираат, иако не се очекува да влијаат на позициите на партиите, пишува „Бота Сот“.

„Бидејќи ЛДК и ББ имаат договор победничката партија да ја добие функцијата премиер, тоа значи дека јас ќе бидам новиот премиер на Косово“, објасни претседателот на лево-националистичката фракцијата.

Курти увери дека ќе работи на продлабочување на односите со меѓународните сојузници на Приштина.

„Меѓународните сили го почитуваат народот на Косово и нивните постапки и изјавите го покажуваат тоа. САД ќе бидат со нас“, сигурен е тој.

На прашањето за иднината на дијалогот Белград-Приштина, лидерот на ББ одговори: „Не можам да гарантирам успех со Србија, но можам да гарантирам дека Косово ќе биде претставено успешно. Косово повеќе нема да биде предмет на преговарачката маса, туку земја, на исто ниво со Србија“.

Поврзани вести

Павлопулос: Турција да се извини за злосторствата на претходните режими врз Ерменците и Грците

Стефановиќ: Приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука

Влатко Зорба

Словенија поддржува „мал Шенген“

Влатко Зорба

Ердоган со повик до исламскиот свет да ја поддржи Албанија

Влатко Зорба

Кумуцакос: На Европа и се заканува нова мигрантска криза

Влатко Зорба

Македонски државјанин фатен со 6,5 килограми хероин во Крагуевац

Никола Поповски