Регион

Курти: Тоа беше неопходен пад, за да се кренеме и да победиме

Премиерот на Косово, Албин Курти, во својата прва реакција за смената на неговата влада во Собранието на Косово, рече дека тоа е неопходен пад, за повторно да се крене и да победи подоцна.

„Иднината е наша, а трагедијата ќе ја избегнеме, напиша Курти на Фејсбук.

Тој рече дека е добро да се потсетиме на вчерашната седница на косовскиот парламент и дека неговото движење Самоопределување сепак ќе победи.

„Целта на гласањето за недоверба не беше да се собори владата, туку да се ослабне владата. Ова беше поттикнато од пораката на (американскиот претставник Ричард) Гренел: на Косово има повеќе од 80 пратеници кои се подготвени да го ризикуваат животот на граѓаните, само за да помине претседателска размена (на територии)“, рече Курти.

Тој рече дека ќе продолжи да работи како шеф на владата во оставка, а не лидер на некоја вонредна „присилна влада“.

„Прво, мора да се бориме против пандемијата „КОВИД-19 “. Пред сè, да бидеме со луѓето, да им кажуваме дека Косово е нашиот дом“, напиша Курти.

Косовското собрание синоќа ја отповика Владата на Курти со 82 гласа „за“, 32 „против“ и 1 „воздржан“. Барањето го поднесе ДСК, кој беше коалициски партнер на владата.

Поврзани вести

Ѓилас: ЕУ да не мижи пред случувањата во Србија

Голема полициска акција во Хрватска, уапсена криминална група која работела за српски и црногорски мафијашки кланови

Грција со СМС предупредување до мигрантите: Не се обидувајте да поминете нелегално преку граница

Таксистот Милован од Ужице за себе тврди дека е Супермен (ВИДЕО)

Вучиќ: Изборите ќе ги распишам на 4 март

Во ннедела завршува пребројувањето на гласовите од парламентарните избори на Косово