Регион

Курц: Западен Балкан не смее да се остави сам во корона-криза

Западен Балкан е регион во нашата непосредна област, затоа имаме најголем интерес да биде стабилен и земјите од регионот да имаат европска перспектива, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц пред утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан.

Курц истакна дека земјите од Западен Балкан не треба да се оставаат сами во надминување на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

„Ова е причината зошто ЕУ, како и Австрија, даваат помош во грижата за пациентите со интензивна нега, како и во испораката на заштитна опрема и лекови“, објасни тој.

Минатата недела Австрија прими пациент од Црна Гора на интензивна нега на Клиниката во Грац и изрази подготвеност да прима пациенти од Србија, како што рече претходно австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

Одржувањето на Самитот, кој е предвидено да се одржи во Загреб преку видео конференција, е сигнал за солидарност со регионот, посочува Виена.

Намерата е да се потенцира политичкиот ангажман на ЕУ во Западен Балкан, како и улогата на доверливиот партнер.

Видео-самитот се очекува да трае еден час и на него ќе присуствува врвот на ЕУ предводен од претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Првата тема на конференцијата е солидарноста во пандемијата, втората е европската перспектива на Западен Балкан и поддршката на ЕУ во реформските напори на земјите.

Третиот блок ќе разговара за поддршка за справување со социо-економските последици од кризата, а четвртиот дел од состанокот е посветен на безбедносната соработка.

Поврзани вести

Се затвора шеталиштето во Солун

„Та неа“: Грција со конкретни предлози до ЕУ за враќање на мигрантите

Maja_Serafimova

Гренел: На Косово се добредојдени Евреите, муслиманите и христијаните

Никола Поповски

Ѓукановиќ: Крадец сум затоа што им ја одземам нивната илузија наречена „Голема Србија“

Stefanija Kuzmanovska

Позната хрватска докторка која работи во Италија открива зошто таму има најмногу заразени

Брнабиќ: Србија има најниска стапка на смртност во овој дел на Европа