Регион

Лајчак: Ќе ги продолжат преговорите меѓу Србија и Косово веднаш штом се отворат границите!

Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Србија и Косово, има намера да ја одржи првата рунда преговори во Брисел наскоро, по можност во јуни.

Ваквата намера Лајчак им ја претстави на дипломатските претставници на земјите членки на ЕУ на состанокот на Политичкиот и безбедносниот комитет на ЕУ, каде уште еднаш доби формална поддршка за обновување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Според изворите на Радио Слободна Европа (РСЕ) од состанокот, Лајчак има намера да стапи во контакт со официјална Приштина „истиот ден“ кога ќе се формира косовската влада – како што е најавено за среда, со цел да се направат финалните подготовки за нов круг.

Ова би значело продолжување на дијалогот. За да успее планот на Лајчак за нова рунда дијалог, потребно е да се отворат границите, што се очекува на 15 јуни, за да можат преговарачите да дојдат во Брисел.

Според РСЕ, специјалниот претставник Лајчак „експлицитно нагласил“ дека ќе брза да ја организира првата средба и затоа нема да го чека крајот на изборите во Србија, закажани за 21 јуни, но ќе организира круг преговори веднаш по отворањето на границите.

Лајчак, како што се наведува, рече дека повеќе нема да биде дијалог за технички прашања, туку „високо политички процес“. РСЕ додава дека „убедливото мнозинство“ на дипломатските претставници на земјите од ЕУ гласале против можноста за размена на териториите на Србија и на Косово и дека особено Германија и Франција се „остро и јасно против таа идеја“.

Поврзани вести

PSG: Бруталност на криминалците и полицијата на Вучиќ

Влатко Зорба

„Кралот на бананите“ за 45.000 евра ја купи „Адриа ервејз“

Теохарис: Се стремиме границите за туристите да ги отвориме во јули

Единствената жителка на грчкиот остров Кинарос била жива и здрава во нејзиниот дом

Maja_Serafimova

Проголтал 34 пакувања течен кокаин на аеродромот во Атина

Maja_Serafimova

Управен суд во Загреб пресуди дека хомосексуална двојка имаат право да бидат згрижувачко семејство