Регион

Маските на Миконос и Халкидики задолжителни и надвор

Грција денеска соопшти дека ќе воведе задолжителна употреба на заштитни маски на островот Миконос и полуостровот Халкидики поради скокот на бројот на случаи на новиот коронавирус во последните неколку дена во оние преполни летни одморалишта каде се организираат масовни забави, претежно без никакви мерки за заштита.

Жителите и туристите во Миконос и Халкидики треба да користат маски и кога се внатре и кога се надвор.

Задолжителното користење маски ќе трае од петок, 21 август до 31 август, соопшти Службата за цивилна заштита.

Во истиот период ќе бидат забранети концерти, прослави, верски и сите други собири на повеќе од девет лица.

Рестораните ќе можат да примат на маса најмногу четири лица, а шест доколку се членови на исто семејство.

Ваквите забрани веќе се воведени на Парос, Антипарос и на некои други острови.

На туристичките острови како Миконос и во областите најпогодени од вирусот во Атина, Солун и Крит, работното време на кафулиња, барови и ресторани е на сила неколку дена до полноќ.

Иако Грција останува една од европските земји најмалку погодени од пандемијата, властите се загрижени за значително зголемување на бројот на заболени од помалку од 50 на повеќе од 200 новоинфицирани на ден во текот на изминатата недела.

Пред отворањето на туристичката сезона кон средината на јуни, во Грција имаше само неколку десетина нови случаи на ден. Во Грција се регистрирани вкупно 7.472 случаи, а 232 починале од почетокот на кризата во февруари.

Поврзани вести

Грабар – Китаровиќ ја поддржа иницијативата „Хрватки сојуз за недела“

Влатко Зорба

Борисов: Никогаш не сме рекле „корона чао“, но мерките нема да бидат затегнати

Влатко Зорба

Тројца од деветтемина новозаразени во Хрватска се лекари: Молчеле дека биле на скијање во Австрија

Во следните пет години една третина од населението на БиХ планира да ја напушти земјата

Српска Влада: Со негативен тест на Ковид-19 прекин на самоизолацијата од 14 дена

Пленковиќ: Самитот во Загреб за методологија што ќе биде појасна и ќе го забрза процесот за членство во ЕУ