Регион

Мицотакис: По десетгодишна криза и интровертност повторно сме присутни на меѓународната сцена со улогата што ја заслужуваме

„Во турбулентна средина, Грција, не со зборови туку со постапките докажува дека е столб на стабилност, безбедност и раст“, изјави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор пред Четвртиот ЕУ-Арапски светски самит што денеска започна во Атина.

Мицотакис наведе дека земјата по десетгодишна криза и интровертност повторно е присутна на меѓународната сцена со улогата што ја заслужува и со самодоверба, „во регионот ги формулира принципите на меѓународното право и неповредливоста на границите“.

Нагласува дека како европски партнер, го пренесува владеење на правото, демократијата и човековите права, а особено се осврна на миграциското/бегалското прашање.

„Ќе бидам искрен. Мојата земја, особено во последниве месеци прима бранови на бегалци и имигранти асиметрични во однос на нејзината големина и нејзиното население. Нашите оддалечени острови се задушуваат, а копнените области со прифатните кампови се соочуваат со првите проблеми. Ние ги контролираме нашите граници и секогаш се грижиме за оние кои ги бркаат. Но, една и сама земја не може да ги носи на рамената проблемите од три континенти. Само координирано, со легитимитет и соработка, ќе можеме да одговорат на овој голем облог на 21 век“, истакна Мицотакис и додаде дека е потребна поголема координација меѓу Европејците и Арапите за справување со проблемот.

Грчкиот премиер истакна дека е потребна поголема соработка за борба со мрежите на криумчарите за да се запре со, како што рече, „трговијата на надеж од оние кои не ги прекршуваат само формалните, туку и моралните закони“.

Мицотакис упати и порака до Турција за нејзините активности како во Ексклузивната економска зона на Кипар, така и за однесувањето во Егејското Море, истакнувајќи дека треба „да го следи патот на меѓународното право и добрососедските односи“.

„По повод она што се слушна во изминатите денови, морам да кажам дека грчката крајбрежна служба има спасено илјадници животи во морето. Во исто време, има задачата да ги чува нашите граници, нешто што оваа влада целосно ќе го исполни. Оние што го инструментализираа бегалското прашање, користејќи ги прогонетите како пиони за постигнување на своите геополитички цели, нека бидат повнимателни кога ја споменуваат Грција. За справување со проблемот потребна е трезвеност е од сите, а не реторички изливи. Затоа што ниту една рана не се затвора, отворајќи друга до неа“, порача грчкиот премиер.

Поврзани вести

Курти: Хашим Тачи треба да поднесе оставка

Курти: Гренел прави притисок, сака брзо решение

Stefanija Kuzmanovska

Палмер: Нормализација на односите Белград-Приштина значи и меѓусебно признавање

Влатко Зорба

„Политика“: Србија е полна со мали Ескобари

Maja_Serafimova

Во Албанија од денеска по 18:00 часот се забранува движење на граѓаните пеш по улици

Рама: Што направи Рамуш Харадинај со Косово – освен што ги наметна таксите?